Во четврток, 3-ти мај Охрид цел ден ќе биде без вода.
-„Ќе се спроведе голема годишна акција, која предвидува измивање на цевководот и резервоарите, како и санација на поголеми дефекти, сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголеми индустриски објекти“, информираат од МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид.
Поради сложеноста на активностите, целосниот прекин во водоснабдувањето ќе трае од 01 00 часот по полноќ се` до 19 00 часот.
Не заборавајте да си наполните вода за дневните потреби!
