Осум илјади слободни работни места во земјава, а стапката на невработеност од 22.6%.
Преку Агенцијата за вработување (АВРМ) има 7.974 отворени огласи. Се бара секаков кадар, од фризер, келнер и рецепционер до лекар и информатичар.
Најмногу слободни работни места има во Скопје (4.803), потоа Битола (433), Кавадарци (399), па Охрид (351). Најмалку огласи има во Кратово и Свети Николе (само по 2), а во Демир Хисар нема ниту едно слободно работно место.
Гледано по дејности најмногу работници се бараат во трговијата (2.531). Следуваат преработувачката индустрија (1.895), угостителство (1.066), транспорт и складирање (613).
Најбарани занимања се: продавач (907), хигиеничар (532), келнер (411), работник на лента (360), општ работник (334).
Целата анализа на следниот линк Денар.мк
