Црвениот крст за време на екстремно ниските температури ќе се овозможи сместување во Привременото прифатилиште кое има капацитет да смести 32 лица во исто време, а мобилни тимови на Црвен крст ќе бидат достапни 24/7 за да укажат помош и обезбедат превоз за сите бездомни лица дојавени од терен.
Со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на РМ оваа година ваквите услуги покрај во градот Скопје, проширени се и во Битола, Струмица, Струга каде се поставени контејнери во кои може да се згрижат по осум лица, а се опремени со ќебиња, храна… Мобилните тимови на Црвен крст во овие градови се подготвени за прифаќање на бездомните лица.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, овозможува помош и поддршка на 50 бездомници на дневна основа, кои редовно го посетуваат двапати во неделата. Тие ги користат услугите за одржување на хигиената и берберските услуги. Со нив работи тим од доктор, психолог и социјален работник и согласно нивните потреби се работи на намалување на нивната ранливост и подобрување на здравствената состојба. Покрај овие услуги корисниците редовно може да добијат облека, храна и други материјални добра. Со бездомниците се работи на нивна успешна реинтеграција.
Во Охрид и Струга не се знае колку бездомници има, но се претпоставува дека нивниот број не е поголем од десетина лица.
