Стружанец со хебла обивал куќи во Лавци и „спечалил“ многу пари

19 годишен стружанец користел хебла и насилно влегувал во куќи во селото Лавци.Тој „спечалил“ многу пари но и кривична пријава од ресенската полиција.

Според полициското соопштение објавено на сајтот на МВР, секторот за внатрешни работи Битола- НК за КР Ресен  до Основното јавно обвинителство во Ресен поднесе две кривични пријави, против М.Ш. (19) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела  „Тешка кражба“ и „Тешка кражба во обид“.  Пријавениот М.Ш. на 02.01.2017 година во селото Лавци, со употреба на хебла насилно влегол во три куќи и предизвикал вкупна материјална штета од 370 000 денари. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани