Во Охрид одбележан Денот на органодарителството

Потребно е итно  формирање на тимовите за трансплантација во земјава. Два месеци нема трансплантации на органи, велат од Националното здружение „ Храбро срце“, одбележувајќи го Денот на органодарителство.

Дваесет пациенти со механичка поддршка на срце чекаат транспллантација, ваков оперативен зафат се уште  не е направен во земјава.

-„Ние немаме ништо друго што да преземеме освен да бидеме гласни да не слушнат надлежните и да преземат чекори со кои што би овозможиле услови да биде трансплантиран и пациент со механичка пумпа. Вос ветот овие пациенти се рпиоритет бр 1 за трансплантација тие се рачунаат како веќе да немаат орган и треба да им се замени со срце“„, вели Васко Јолески претседател на Храбро срце.

На листата на чекање за трансплантација на органи  има многу млади пациенти, но мал е бројот на донори. Во земјава се уште е ниска свеста за органодарување.

-„ Тоа се околу 20 тина пациенти за трансплантација на срце, 15 за црн дром и 147 за бубрези Од нив има многу млади пациенти има 13, 16 годишни имаше дури две девојчиња кои пораснаа па сега веќе влегуваат во адолтната група  за трансплантација. Голем е бројот на пациенти кои што чекаат но исто така мал е бројот за жал секаде во светот постои недостаток на донори“, вели др Маја Мојсова Мијовска поранешен Национален координатор за трансплантации.

Секој човек е потензцијален донор. Во земјава се направени вкупно  11 трансплантации на срце, и околу 34 на бубрег.  Нашата земја се уште не е дел од мрежата  Еуро трансплант  поради високите критериуми кои се бараат, но и  ниската број на органодарители.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани