Во Охрид саем за образование и кариера

Во организација на Младински центар Охрид ќе се одржи саем за образование и кариера. На настанот ќе се претстават можностите на петте  средни училишта и 11 високообразовни институции.

-За сите идни средношколци и студенти кои се во потрага по идеалниот пат за нивната кариера ќе имаме и кариерно советување од професионалци во различни области, ќе добиете вредни совети и насоки за вашата кариера. Нашиот саем ќе биде местото каде што ќе можете да истражите бројни можности за образование и кариера! Одлични високообразовни институции и средни училишта ќе бидат присутни, претставувајќи ви ги нивните програми и можности за вашето идно образование., информираат од МЦО.

Датум: 25 април 2024 година
Време: 12:00 – 16:00 часот

Social profiles