Во последниот полициски час, приведени двајца

Приведените се охриѓани.

Во текот на изминатото деноноќие (26/27.05.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, две лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2).
Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 68 контроли врз лица во изолација (Охрид-22, Струга-31, Кичево-15), 13 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-10, Струга-1, Дебар-2) и 13 контроли во угостителски и други објекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани