Утре, напладне во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи средба со авторката Вера Самарјанин од Битола.
На средбата ќе бидат промовирани нејзините три нaјнови дела за деца и возрасни: „Поколенија“, „Со посвета“ и „На дланка“. Промотор ќе биде д-р Борис Ангелков , а водител: Мирко Томовски, стихови ќе чита поетесата Марина Шокева.
Средбата со изведба на класични ноти на гитара ќе ја збогати младиот Немања Килибарда од Битола.
Во публиката меѓу другите ќе има и ученици од Основните училишта од Велес и Охрид на кои авторката Самарјанин ќе им подари по едно нејзино дело.
