Во сабота ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Во сабота (19.08.2017), на патеката „Климе Савин“ ќе се одржи 31. издание на Охридскиот пливачки маратон.

Овогодинешното издание на маратонот, побуди голем интерес кај натпреварувачите кој доаѓаат од повеќе држави низ светот. Вкупно 22 натпреварувачи во сабота ќе ги одмерат своите сили и тоа 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија. Оваа година како главен организатор е Општина Охрид во соработка со Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Ги покануваме охриѓани и гостите, да бидат дел од пречекот на маратонците на Градскиот плоштад.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани