В четврток и петок почнува пријавувањето за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии слободни се вкупно 10.818 места. Од нив, 5.865 се за редовни студенти со годишната партиципација е 200 евра, речиси 3.800 места за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра, а 1.160 се резервирани за вонредни студенти.
Новина во конкурсот е укинувањето на дисперзираните студии. Вториот уписен рок е на 4-ти септември, а третиот е на 15-ти септември.