Во среда ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци во Охрид

Општина Охрид информира дека на 8 јули 2026 година (среда) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци, како превентивна противепидемиска мерка за заштита на населението од заразни болести.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 часот во среда до 06:00 часот во четврток.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потегот од село Подмоље до комплексот „Св. Наум“, како и територијата на град Охрид, потегот на река Грашница и Коселска Река.

Од Општината апелираат до пчеларите и пчеларските здруженија навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.

Воедно, се повикуваат и граѓаните во наведениот период да го ограничат движењето во подрачјата каде што ќе се врши дезинсекцијата.

Доколку временските услови бидат неповолни, односно во случај на ветер или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден поволен ден.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани