Во Струга одбележани 80 години од формирањето на Шестата македонска бригада

На 6 септември 2024 година, во Струга со свечана седница на ОО на борците од Струга и полагање свежо цвеќе на споменикот од НОБ, беше одбележана јубилејната 80 години од формирањето и борбениот пат на Шестата македонска народноослободителната ударна бригада 6 септември 1944 – 6 септември 2024 ).

Шестата македонска народноослободителната ударна бригада е формирана на 6 септември 1944 година во „Караорман“, во месноста „Рудина“. Формирзњето уследило по приливот на поголем број борци во Првата македонска народноослободителната ударна бригада, а со Одлука на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Бригадата во своето основање броела околу 1 000 борци, за потребите и значењто на нејзиното формирање говорел претставникот на Главниот штаб, Видое Смилевски – Бато. Штабот на бригадата бил составена од искусни борци, дотогаш припадници на Првата Македонска Народноослободителна ударна бригада, а имено командант: Драган Ѓорѓевиќ – Алија, заменик на командантот Захарие Трајковски – Брко, политички коомесар Киро Сотировски – Строгов и заменик на политичкиот комесар Младен Милошевски. Во поширокиот состав на Штабот беше и Милица Лукиќ, одговорна за санитет.

Веднаш по формирањето, уште наредниот ден 7 септември 1944 година бригадата тргнува кон Крушево да ги ликвидира бугарските позиции кај месноста Црско, а потоа да го ослободи Крушево. Во Крушево бригадата се омасовујва со нови борци, а потоа добива нова борбена задача да ги разбие непријателските сили на потегот Кичево – Полг, а потоа дејствува на просторот Сува Гора каде по тешки пресметки избива на комуникацијата Скопје – Тетово за натамошно дејствување се до ослободувањето на земјата истакана претседателот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеси.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани