Во струшко Ложани куче со камен околу врат фрлено во река!

Куче фрлено живо во река со заврзан камен околу врат за да не може никако да се спаси.
Овој монструмски чин е случен во струшко Ложани.

Сиротото животно починало во тешки маки.

-„Итно бараме интервенција и истрага од МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се дознае и најстрого казни сторителот. Во држава во која вакви монструми шетаат на слобода и ги има на секој чекор, итно е потребна полиција за животни, повикуваат од Анима Мунди.

Анима Мунди нуди награда од 300 евра денарска противредност за сведоштво или валиден доказ со кој монструмот кој ова го сторил би завршил во затвор.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани