За прв пат во Македонија четиривалентна вакцина

За прв пат во Македонија четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца.

Со  новите, високоефективни четиривалентни вакцини  ќе можат да бидат опфатени и социјално загрозените категории но и ранливите категории како деца и трудници.

“За првпат во Македонија, успеавме да набавиме четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца. Годинава, вакцините против сезонски грип се бесплатни за лицата над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Четиривалентната вакцина е производство на Француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“ и се надевам дека оваа вакцина ќе биде одлична превентивна заштитна мерка против грип оособено за лицата постари од 65 години, хронично болните, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет, изјави Доц. д-р Филипче, Министер за здравство.

Министерството за здравство за прв пат набавува 28.000 дози на висококвалитетни вакцини против грип од реномирани производители со кои бесплатно ќе се вакцинираат лицата постари од 65 години со просечна или потпросечна пензија и останатите социјално загрозени лица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани