Черепот и коските ги забележал планинар.
Попладнево, кај селото Рамне планинар забележал череп, коски и остатоци кои наликувале дека се од човечко тело.Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека денеска случаен минувач пријавил во полициската станица дека кај Рамне забележал коски кои му наликувале на човечки. Димоски кажа дека полициски тим излегол на местото каде биле забележани коските. Најави повеќе информации за утре.
