Во Корошишта, жител на селото си одгледувал Канабис насади.
Пластеници со насадите, вчера се откриени во акција на струшката полиција.Вчера во периодот од 17.30 до 19.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во фарма сопственост на К.М.(52) од с.Корошишта, струшко, на место викано „Вогељ Чешме“, атар на с.Корошишта. При претресот, под пластениците биле пронајдени 10 стебла најверојатно од растението „Канабис Сатива“. К.М. бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
