Бројот на ученици во основните училишта низ Македонија е намален за околу 15 илјади.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во последните 8 години бројот на ученици во основните училишта низ Македонија е намален за околу 15 илјади. Како што пренесува alsat-m.tv/mk/, најкритично досега било во училишните години 2014-2015 и 2016-2017 година. Тогаш бројот на ученици се намалил за 3.804, односно 2.490 ученици од основно образование.И тука, причина за заминувањето на децата од училишните клупи е иселувањето, во странство или во градот. Таквиот феномен е присутен и во основните училишта во селата околу Струга. Екрем Јакупи од Корошиште, стравува дека училиштата ќе останат без ученици доколку не се преземат итни мерки за создавање услови младите да не ја напуштат земјата.Целата информација можете да ја најдете на www.alsat-m.tv/mk/%d1%81%d0%b5-%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%be%d1%98%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2-2/