Тешко повредена е 79 годишна жена од Мислешево а во Охрид, детето го одзел косовец.
На 30.08.2018 година околу 11,00 часот било пријавено дека во с.Мислешево-струшко патничко моторно возило „Шевролет Лачети“ со струшки регистерски таблици, управувано од Б.Ш.(22), удрило во пешакот О.Ш. (79), и двајцата од с.Мислешево-струшко. Во незгодата О.Ш. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Медицинскиот центар во Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 30.08.2018 година во 16,20 часот во Полициската станица Охрид, М.Г.(30) од с.Радолишта-струшко со привремен престој во Охрид пријавила дека нејзиниот сопруг Д.Г. од Призрен-Косово противправно го одзел нивното едногодишно дете. Имено додека таа била на работа, Д.Г. го зел детето, а потоа не одговарал на телефонските повици, а воедно ги зел и патните исправи (на детето и неговата) како и кредитните картички. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
