Во Вевчани и Дебарца ќе се продава државно земјиште

Вевчани и Дебарца се меѓу 58-те општини каде ќе се продава државно земјиште.

Владата ги намали цените за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во 58 општини на 70 денари за метар квадратен за изградба на објекти за групно домување, соопшти Министерството за транспорт и врски. Со Уредба на Владата, до 23 пати се намалува цената за отуѓување на државно земјиште со непосредна спогодба, ако градежното земјиште се намени за изградба на ученички домови, студентски домови, домови за престој на стари лица и самци, домови за деца без родители и домови за незгрижени лица.Според министерот Сугаревски, оваа мерка ќе го стимулира приватниот сектор, ќе привлече нови инвеститори во овие делови на Република Македонија, ќе се придонесе за локален економски раст и порамномерен развој во државата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани