Во рамки на манифестацијата „Вевчанско Лето“, денес се одржа една од највпечатливите традиции – вевчанската крос трка, под насловот „Терчаме – непокорни и горди“.
-Оваа трка низ вевчанските улици, се одржувала години наназад и претставувала симбол на сила, заедништво и младешки дух. Секоја генерација имала свои херои – оние што трчале со најсилен здив и најцврст чекор, носејќи го Вевчани во срцето. Ја продолжуваме оваа традиција со истата енергија и љубов, со срце и почит, напиша градоначалникот Спасе Кочоски.
Вевчанско Лето 2025 продолжува со настан посветен на духот на слободата и уметноста!
„Вечер на непокорот“ – со традиционалната изложба „Вевчанските уметници – од Вевчани, за Вевчани“ оваа година по седми пат ја слави уметничката креативност. Настанот се одржува во чест на Вевчанскиот случај од 1987 година – симбол на отпорот, достоинството и заштитата на сопствениот идентитет.
07.08.2025
20:00 часот
Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани
Изложбата ги претставува делата на вевчанските уметници инспирирани од заедницата, историјата и културата на Вевчани – создадени од Вевчани, за Вевчани.


