Во Вевчани отворена изложба на карикатури „Губилиште“ од Анастас Ќушкоски

Во рамките на Вевчанско културно лето „ВЕВКУЛ“ -24, кое се одржува под мотото „80 години од ослободувањето на Република Македонија и 80 години слободно Вевчани ( 1944-2024), во Клубот на пензионери во Вевчани, пред голем број вевчанци и други посетители, од Струга, Охрид, дури од Битола и Скопје,  беше отворена изложба на кариккатури од Анастас Ќушкоски – Наце, насловена „Губилиштге“

Покрај авторот, на изложбата се обрати и Ненад Баткоски, кој ја прогласи за отворена изложбата, пред многубројната публика, а афоризми од авторот читаа Симон Лешоски и Косте Шутиноски, додека пак на овој несекојдневен културен настан во Вевчани, програмата ја водеше раководителот на „ ВЕВКУЛ“ 24 Мишо Китаноски.

На оваа прва изложба на карикатури од Анастас Ќушкоски, беа прикажани преку триесетина ненасловени, односно карикатури без зборови. Тие се создадени пред повеќе од педесетина години, а за тоа колку се актуелни и денес, самите ќе пресудите.Тие се создадени од 1971 до 1973 година. Дел од нив се објавени во печатот. А повеќето од нив за прв пат се презентирани денес на ова изложба истакна авторот Ќушкоски.

Ненад Баткоски, при самото прогласување за отворена изложбата на карикатури насловен „Губилиште“ од Анастас Ќушкоски истакна дека ми беше познато и имав видено објавувани карикатури во „Остен“, „Трудбеник“, „Јеж“ од Белград и дека беше еден од иницијаторите за присуство на драматурзите, карикатуристиоте и хумористите на „Печалбарските денови“. Ама ова што го видов и дознав вечерва, многу пријатно и до крај, ме изненади. Во карикатурите насловени како „ГУБИЛИШТЕ“, главниот јунак е џелатот, власта од кој и да е вид.

Анатас Ќушкоски не треба посебно да се претставува пред македонбската јавност, бидејќи е еден од ретките сестрани творечки личнодти кој својата енергија подеднакво и со успех ја посветува на повеќе уметнички родови: поезија ,драма, сценариоп, филм, уметничка фотографија, етно-истражувања и итн. И како таков е е препознатлив по општоприфатената комплексност и по постигнатите резултати. Но,  ретко е задоволството да се проникне во овој емотивно-колоритен и асоцијативен раскош пред нас којшто ни го понудува овој редок уметник и да го погледнеме од две стграни: едната е техниката, а другата интуицијата, поривот. Која страна ќе надвладее, истакна Ненад Баткоски во својата беседа во врска со отворањето на изложбата.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани