Во Вевчани работилница насловена „Сакам да бидам новинар“

Во рамките на манифестацијата „Вевчанско културно лето – ВЕВКУЛ 24“ за учениците од ОУ „Страшо Пинџур“-Вевчани, се одржа креативна работилница на тема „Сакам да бидам новинар“. Учениците на работилницата имаа прилика да го проследат предавањето на Мишо Китаноски, истакнат новинар и писател за деца посветено на медиумската писменост на учениците во време на интернетот, но и заканите што произлегуваат од користењето на алатките од тоа, а потоа присутните ученици заедно со својата наставничка по македонски јазик, што ја води литератутната и новинарската секција во училиштето и конкретно да работаат на пишување на новинарски текстови. Тие најпрво беа запознати со основното изразување во новинарствот-веста и како тоа се пишува, а потоа и со другите новинарски видови на изразување: извештај, коментар, интервју, репортажа и др. Но стана збор и за тоа како се уредува училишен весник, кој е планирано учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ од Вевчани да го издадат во текот на оваа учебна година.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани