Водата во Охридското езеро одлична за капење

Водата во езерото одлична за спорт и рекреација.

Во согласност со својата дејност и надлежности за вршење на континуиранздравствено-еколошки надзор, Центар за јавно здравје Охрид од 13 до 26 мај 2020 изврши земање и физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на површинскавода од источниот, северниот и западниот крајбрежен дел на Охридското езеро, од 32 мерни места од “Св. Наум” до с. Радожда.Комплетните анализи на квалитетот на водата во крајбрежниот дел на Охридскотоезеро од македонска страна беа извршени во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, а резултатите од физичко-хемиската и микробиолоШка анализа на земените примероцина поврШинска вода покажуваат дека водата во крајбрежниот дел, односно делот кој секористи за капење и рекреација на Охридското езеро, од македонска страна, во вторатаполовина на мај 2020, припаѓа на прва и втора класа, односно е оценета како ОДЛИЧНА. Споредтоа и согласно Уредбата за класи!кација на водите, водата во крајбрежниот дел наОхридското езеро од македонска страна е погодна за капење, спорт и рекреација.Во наредниот период Ќе бидат земени и анализирани примероци на вода од реките Штосе вливаат во Охридското езеро од македонска страна. Центар за јавно здравје Охрид, континуирано, во текот на целата летна сезона ќе ја следи состојбата со квалитетот на површинската вода во Охридското езеро и навременои транспарентно Ќе ја информира јавноста за резултатите од извршените анализи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани