Возач од Лескоец предизвикал сообраќајка кај Струга

Повозрасен возач-жител на охридското село Лескоец, предизвикал сообраќајка кај Струга.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Ч.(75) од охридското село Лескоец.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година во 14 часот и 30 минути, предизвикувајќи сообраќајна незгода на крстосницата од магистралниот пат Подмољје-Ќафасан, со локалниот пат за селото Мислешево и локалниот пат за „Еуротел“. Сообраќајната незгода е случена поради неотстапување првенство на минување од страна на сега пријавениот кој управувал патничко моторно возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски таблици, информира Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Н.Е. од Ресен, сопатникот во патнички автомобил марка „Пежо“. Таа веднаш била префрлена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани