На 25.04.2026 година во 23:15 часот, кај местото викано „Бел Мост“, во атарот на селото Волино, се случил сериозен инцидент при полициска контрола.
Полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило управувано од Н.Т., со цел да извршат контрола. Наместо да застане, возачот со возилото се обидел да ги удри полицајците, по што тие испукале неколку куршуми.
По инцидентот, Н.Т. се дал во бегство, додека товарното возило, кое било натоварено со дрва, е запленето.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
