Воздвижение на чесниот крст-Крстовден

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим.

Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст,како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло. Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.

Овај празник е слава на женскиот манастир посветен на Свети Ѓорги во село  Рајчица дебарско. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани