Стружанец управувал автомобил и покрај тоа што претходно му била изречена забрана за управување со моторно возило.
На 05.02.2026 година во 09.25 часот, при сообраќајна контрола на регионалниот пат во близина на струшкото село Драслајца, полициските службеници запреле патнички автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.С. (33) од селото Корошишта.
При контролата било утврдено дека возачот го управувал возилото иако претходно му била изречена санкција – забрана за управување со моторно возило од Б категорија во времетраење од четири месеци.
По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
