Возел пијан и со забрана, предизвикал сообраќајка

На 18.01.2026 година во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.С. (33) од охридското село Лескоец, откако предизвикал сообраќајна незгода.

Според информациите од полицијата, Ј.С., управувајќи патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил, при што настанала сообраќајна незгода. По извршеното алкотестирање, кај возачот биле констатирани 1,79 промили алкохол во крвта.

Дополнително, било утврдено дека возилото го управувал и покрај тоа што имал активна прекршочна санкција – забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија.

По целосно документирање на настанот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување моторно возило“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани