Министерството за култура вчера го разреши директорот на фестивалот Охридско лето, Оливер Арсовски.
Тој ја потврди оваа информација, но без коментар околу причините за разрешувањето. За нов вд директор е назначена Сузана Вренцоска, досегашниот портпарол на фестивалот. Вренцоска беше долгогодишен новинар во повеќе локални и национални медиумски куќи