Идната недела во Подгорица ќе се одржи конференција на заинтересираните страни кои го поддржуваат Дримскиот процес за управување со Дримскиот басен.
Петтата конференција ќе се одржи на 21 и 22 ноември во Подгорица, Црна Гора.На конференцијата ќе учествуваат високи преставници на надлежните министерства, претставници од локалните самоуправи од Басенот, експерти, претставници на науката и на невладиниот сектор и водечки преставници на меѓународните организации кои го поддржуваат Дримскиот процес.Овој настан е во рамки на ГЕФ Дримскиот Проект што ја поддржува координираната акција за имплементација на Меморандумот за разбирање за управување со сливот на Дрим.