Забрана за пиење на водата во и околу ОУ „Христо Узунов“ во Охрид

ЈП „Водовод“ Охрид информира дека водата за пиење во и околу ОУ „Христо Узунов“ во Охрид привремено се забранува за употреба поради зголемена матност.

Како што информираат од претпријатието, зголемената матност е предизвикана од градежни работи што ги изведуваат надворешни приватни изведувачи.

Забраната ќе важи до добивањето на резултатите од повторената анализа на водата, извршена од ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, со која треба да се потврди дека водата е здравствено исправна за пиење.

Од „Водовод“ ги известуваат жителите во и околу мерното место да ја почитуваат забраната до добивање на официјална потврда за исправноста на водата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани