Агенцијата за храна и ветеринарство забрани употреба на вода за пиење од четири артерски чешми во градското подрачје на Охрид, откако биле утврдени отстапувања во микробиолошката исправност.
Според извршениот инспекциски надзор, кај водата е констатирана микробиолошка контаминација, односно зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени, што укажува дека водата не е безбедна за пиење.
Забраната се однесува на чешмите на следните локации:
- пресекот на булевар „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“
- во близина на ОУ „Григор Прличев“
- во населбата Воска
- чешмата до градскиот пазар
Надлежните апелираат граѓаните да не ја користат водата за пиење од овие чешми сè додека не се потврди нејзината исправност.
