Заев најавува предвремени избори, Мицкоски бара пржинска влада

За предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, но мора претходно да се завршат одредени активности за да се дојде до тоа, изјави вечерва Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

На другата страна, Зоран Заев, премиер и првиот човек на СДСМ, вели дека ако неделава власта не успее да обезбеди 2/3 мнозинство во законодавниот дом, тоа ќе значи дека до крајот на ноември ќе имаме предвремени парламентарни избори.  

 

„Имаме Изборен законик. На една од лидерските средби се договоривме дека кога ќе дојде ред за избори, 100 дена претходно треба да имаме влада според Пржинскиот модел. Заев ќе се обиде да го прескокне тоа, да толкуваат уставни законски одредби за брзи избори меѓу 45 и 60 дена, но не може да избега од Пржинскиот модел за состав на владата“, изјави Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на почитување на договореното. „Ако не се почитува граѓаните треба да знаат дека има обид за нова масовна кражба на гласовите“, вели Мицкоски.

 

Освен ова Мицкоски најави дека неговата партија ќе прифати предвремени парламентарни избори само доколку јавниот обвинител поднесе оставка и биде формирана собраниска анкетна комисија за нерегуларностите на референдумот.

 

Од  СДСМ велат дека од утре ги започнуваат разговорите со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за постигнување договор за двотретинско мнозинство кое е потребно за гласање на уставните измени, преземена обврска од Договорот со Грција за промена на името. Доколку нема компромис ќе се распишат предвремени парламентарни избори, кои евентуално би се одржале на 25 ноември. Премиерот Заев е убеден дека државата има капацитет да ги спроведе изборите почитувајќи го претходно договореното со ВМРО-ДПМНЕ за формирање техничка Влада.

 

Заев оценува дека во сегашната ситуација сите политичари треба да покажат зрелост, а превремените избори ќе помогнат да се обезбедат доволен број пратници кои ќе гласаат за уставните измени. Актуелната Влада се надева дека капиталот на гласови „за“ добиени на референдумот  (605.016 гласачи) е гаранција дека на изборите ќе победи нивната опција, а не опцијата на ВМРО-ДПМНЕ, пренесува МКД.мк. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани