Заев од Охрид: По примерот на Билјана да го избелиме образот на Македонија

Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа, па од балкански да биде прогласен за европски Ерусалим, По примерот на „Билјана платно белеше„“ сите ние да го обелиме образот на нашата Македонија, рече Заев на синоќешниот собир во Охрид. 

 

На 30 септември масовно гласаме „за“ заедно да одиме напред, „за“ европска Македонија и европски Охрид, порача вечерва претседателот на Владата Зоран Заев од Охрид каде се одржа граѓанскиот собир во организација на „Излези За европска Македонија.
Заев од говорницата пред охриѓани истакна дека во тешки времиња полни со предизвици, вистински патриоти се оние кои преземаат акција. Како и на 8 септември 1991 година кога земјата и иднината повикаа на акција, на ист начин референдумот на 30 септември е повик на акција и наша патритоска должност.

– Вистинскиот патриот го почитува минатото на својата земја, но неговиот поглед е цврсто фокусиран кон иднината. Ова е историска можност, одговорноста е кај секој од нас. Немојте да мислите дека некој друг ќе ја заврши работата. Да не потфрлиме сега пред самиот финиш, рече тој.

Кога станува збор за придобивките од членството во двете најмоќни светски организации ЕУ и НАТО, Заев рече дека со членството во НАТО трајно се заштитуваат границите на нашата држава, наместо живот со грч поради непредвлидлива иднина, се обезбедува посигурен и побезбеден живот за идните поколенија.ж

Бројот туристи во Црна Гора се зголемил за 25 проценти. Знаете што тоа би значело за кафанџиите крај езерото, за угостителите во Пештани и Трпејца кои неуморно работат да ги услужат туристите секоја сезона. Што би значело 25 процентен раст на посетители за охридските хотелиери, за чајџилниците во Чаршијата, за бродарите и за пазарџиите во градот. Тоа ќе значи нова ера на просперитет, повеќе пари во сечиј џеб и повеќе пари за поубав и посреден Охрид, град со високо крената глава како што го личи, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата истакна дека 29 држави членки чекаат успешен референдум за да го кренат 30-тиот јарбол пред седиштето на НАТО, а Македонија ќе стане рамноправна членка со право на глас во најголемиот сојуз во светот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани