На 12.04.2026 година во 13:00 часот, во СВР Охрид, 45-годишен охриѓанец пријавил серија инциденти што се случиле во текот на истиот ден.
Според пријавата, околу 03:00 часот додека бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка и други лица, кон него се приближил 30-годишен маж кој започнал агресивно да се однесува, да се заканува и да го турка. Инцидентот бил спречен од обезбедувањето на клубот.
Подоцна истиот ден, околу 12:00 часот, осомничениот му се јавил на мобилен телефон и го повикал на средба во близина на маркет во Охрид, каде повторно започнал да го турка и да му упатува закани.
По добиената пријава, во полициска станица бил повикан А.Ѓ. (30) од Охрид, со кого е извршен службен разговор.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
