Опожарениот „пасат“ во Струга е во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.
Тој бил во домот во Струга со своето семејство, сопругата и 8-месечниот син, додека некој му го запалил автомобилот паркиран во дворот.
Пратеникот Јаулески инцидентот го протолкува како обид за заплашување:
-Срамот е ова што се случува. Ако целта е да се испрати порака до моето семејство или до мене поради моето политичко делување, да се исплашиме, тоа нема да се случи, напротив, ќе продолжиме да се бориме уште посилно во она во што веруваме, рече пратеникот Јован Јаулески во изјава за Сител.
Тој апелираше до надлежните што поскоро да се изведат пред лицето на правдата сторителите.
-Ова повеќе не личи на демократија, ова повеќе личи на северноафриканска држава од третиот свет, вели тој.
Пред неколку месеци, поточно на 11. ноември минатата година, денот кога во Собранието опозицијата не успеа да формира кворум за уривање на Владата на Заев, до домот на таткото на пратеникот Јован Јаулески во Скопје влезе и изврши претрес Финаниската полиција, а тој беше осомничен за извршени сомнителни трансакции на парични средства помеѓу ЕВН Електрани Македонија ДООЕЛ Скопје.
