Вакцинацијата против Ковид 19 во Охрид ќе се врши во Маларична.
ЈЗУ Здравствен дом Охрид продолжува со процесот на вакцинација против Ковид 19 во просторите на ЈЗУ Здравствен дом Охрид во објект Маларична, наместо во досегашниот објект на Општа Болница Охрид. Пунктот за имунизација ќе работи во една смена од 7:30 до 14 часот од понеделник до петок.
Последните месеци забалежителен е драстичен пад на интересот за вакцинација. Интерес има за трета доза од страна на повозрасните граѓани и од граѓани кои сакаат да патуваат па им е потребен вакцинален сертификат.
