Започна јубилејното издание на „Охрид-Фест“

Синоќа стартуваше јубилејниот 25-ти  по ред “Охрид Фест –Охридски трубадури“.

На првата  Фолк вечер  настапија  Благица Павловска ,’’Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“, Зоран Христов.

Наградите од  публика први тројца беа Милован Секулоски, Благица Павлоска и Мерима Нјегомир. 

Вечерва на втората  Поп вечер  ќе настапат  Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена и други.„Кроација рекордс“ ќе ги промовира новите албуми на хрватската денс група „Колонија“ и на фолк-ѕвездата Нада Обриќ на 8 септември, на официјалната прес-конференција на „Охрид фест-охридски трубадури“ во хотел „Нова Ривиера“ во 10, 30 часот.

Јубилејниот 25.„Охрид фест-охридски трубадури“ трае три дена, со почеток од 20,30 часот, (на Кеј Македонија пред хотел „Нова Ривиера“) почнувајќи од синоќа , вечерва  – 7 септември следи  поп-вечерта , а на завршницата, на 8 септември е интернационалната вечер.Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата “Балканика’’(Србија), Мерима Његомир (Србија), се само дел од гостите чие присуство е потврдено.
Пренос во живо ќе има на повеќе телевизии: Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, ТВ Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска , Хајат – Босна и Херцеговина, Визион плус – Албанија, ТRT – Турција, ТВ Шансона – Русија и австралиската сателитска ТВ INTV.Уметнички директор на фестивалот е композиторот Григор Копров.

 ФОТОГРАФИИ:

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани