Започна прегласувањето за Парламентарните избори. Во Охрид и Струга има прегласување на две избирачки места, односно по едно во двете општини.
Денес се прегласува на избирачките места 1272 во Охрид, во ОУ Христо Узунов и ИМ 1844 во ОУ Јосип Броз Струга
Во Охрид право на прегласување имаат 711 гласачи запишани на избирачкиот список, додека во Струга 755 избирачи.
И двете избирачки места беа отворени точно во 07 часот утрово и изборниот ден започна без никакви забелешки и технички проблеми.
– „Ова избирачко место ја опфаќа улицата Мирче Ацев од бр 1 до крај.Запишани се 711 гласачи две лица беа запишани како болни од ние едниот го оствари правото на глас, вчера и едно лице вонсемејно згрижено гласаше“, вели Антигона Сионов претседател на ОИК Охрид
-„ИМ 1272 беше отворено точно во 7 часот, се е во ред, немаме никакви проблеми. За околу саат и поливна имаме излезност околу 30 гласачи. Се надеваме на мирен изборен ден“, вели Татјана Трпческа претседателот на ИО во ИМ 1272
И во Струга прегласувањето се одвива без никакви проблеми.
Да потсетиме дека Вчера гласаа болните и изнемоштените лица . Правото на глас во Охрид го искористија 2 лица, а во беа Струга 4 пријавени гласачи.
Од општинската изборна комисија очекуваат прегласувањето да мине во мирна фер и демократска атмосфера.