Засилени инспекциски контроли во Охрид, казна за еден угостителски објект

Синоќа засилени инспекциски контроли во угостителски објекти во Охрид, казнет еден угостителски објект.

 

На 01.05.2022 од 00.00 до 05.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија контроли во угостителските објекти во Охрид. Притоа, во угостителски објект лоциран на ул.„Стив Наумов“ во Охрид затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите, инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи изречени се соодветни казни, информираат од МВР.

Social profiles