Заврши пролетното чистење на Охрид.
Денес заедно со прва и втора година од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид го завршивме пролетното чистење на плажите за 2024. Плажите кои ги чистевме веќе се повторно извалкани, но знаеме дека сите деца кои учествуваа во овие акции нема никогаш да фрлаат отпад, секогаш ќе ги опоменат своите врсници и можеби и ќе собираат додека шетаат, а и ние никогаш нема да престанеме.
Децата учат од нас возрасните и нивната благосостојба е наша одговорност. Примерот којшто ние ќе им го покажеме како случајни минувачи, наставници, родители е единственото нешто што може да им го дадеме, затоа е мнигу важно сите вие мои драги Охриѓани да знаете колку сте битни во оформувањето на овие деца.
Ни се приклучија и дечки од Швајцарија, собравме малку вреќи, 20-тина, но со многу ситен отпад, претежно пластика која за жал е до супер лош квалитет па и се распаѓа кога ја собираш. На Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid сум бескрајно благодарна затоа што се едни од ретките коишто работат на терен и никогаш не велат не на благородна иницијатива. И сево ова и сѐ што било и што ќе биде би било многу повеќе доколку сме повеќе луѓе, доколку сме посериозни како граѓани и доколку сме сложни, позитивни и фокусирани на решавање, наместо на трошење време на ништо. Дечките од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид беа прекрасни, директорот е секогаш расположен а соработка и верувам дека така ќе остане. Ние сме овде да си помагаме едни на други, кој тоа не го разбира, никогаш не би припаднал на ваква екипа, напиша Драгана Карашова иницијатор за пролетно чистење на Охрид.