Здружението на дијабетичари од Охрид го одбележа Меѓународниот ден на физичка активност

Здружението на дијабетичари од Охрид, вчера  го одбележа Меѓународниот ден на физичката активност.

Беше организирано  рекреативно пешачење од хотел Ројал до Куба Либре,  едукативна презентација за значењето на микро билките како здрав додаток на исхраната на дијабетичарите од страна на Сања Бачевски, дипл. инж. по хортикултура.

Дијабетичарите имаа физичка активност прилагодена за дијабетичари со Проф. Мр. по кинезиологија, Катерина Стојаноска
– мерење на шеќер во крвта
– дегустација на здрави крекери со намаз и микробилки
– дегустација на здрави колачиња за дијабетичари изработени од Марк Дијкстра од Холандија

-Здружението на дијабетичари од Охрид каде што својата енергија ја насочувам кон подобрување на квалитетот на животот на оваа категорија луѓе, кои ми возвраќаат со доверба, благодарност, искрени желби за успех и напредок, добро здравје и така со ред, напиша Димче Каневче од Здружението на дијабетичари Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани