Здружението за развој ЧЕКОШТИНА УРБАН вчера одржа годишно собрани

Здружението за развој ЧЕКОШТИНА УРБАН вчера  одржа годишно собрание.

 

Разгледани беа и едногласно усвоени извештајот за работа и финансискиот извештај за 2021 г. и програмата за работа во 2022 г. Истовремено беа одобрени иавештаите за 2020 г. и програмата за 2021 г. Овие документи ги усвои управниот одбор во јануари 2021 г., во неможност да се свика собрание заради пандемијата.

Собранието помина во атмосфера на единство и солидарност. Се изнесоа бројни идеи за натамошна работа, кои управниот одбор ќе ги вклопи во програмата. Се приклучија и неколку  нови членови. Се утврди годишна членарина.Очекуваме одговор на приоритетните барања доставени со  писмо до Градоначалникот, како што беше договорено при приемот кај него на 3. 3. 2022 г. Тој беше поканет на собранието да присуствува лично или да испрати негов претставник, но за жал, не не‘ удостои, пишува Иван Огненов од Чекоштина Урбан. 

 

Social profiles