Зголемени водостоите на Сатеска и Црни Дрим

После обилните врнежи од снег и дожд, значително се зголемени водостоите на реките Сатеска и Црни Дрим а можни се и локални излевања.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите заедно со растопениот снег предизвикуваат зголемување на водостоите на реките во западниот дел на земјата, а особено е зголемено нивото на Сатеска, Црни Дрим, Вардар во Полошко како и на Треска, Радика и Црна Река.Според податоците од УХМР, во изминатите 24 часа во Охрид наврнале 9 милиметри дожд,во Маврово 36 милиметри, Пожаране со 31, Крушево 14 и Тетово 13 милиметри.Поради топењето на снегот,влажноста во земјата ќе биде доста голема, се очекува и зголемување на нивото на подземните води и понатамошни високи водостои на реките, особено во западниот дел на земјата, а на поедини рамничарски места можна е појава на заезерувања.УХМР предупредува за внимателно следење на состојбата и претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани