Ждрепката ги кажа бројчината на кандидатите во изборната трка

Со ждрепка се утврди редоследот на партиите и незевисните учесници на гласачките ливчиња за локалните избори на 15 октомври.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, професорот Јован Стојановски ќе биде под број 19, д-р Митко Тилевски предложен од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е под број 13, а независниот кандидат за прв човек на Охрид, Стевче Стевоски го носи бројот 44.

За Охрид беа поднесени и прифатени пет листи за советници. Носителите од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе ги задржат истите редни броеви како и кандидатите за градоначалник, додека носителот од ДПА ќе биде под број 15, Коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА, ќе бидат четврти, а носителот на независна советничка листа, Љупчо Настоски ќе биде под број 24.

Општинската изборна комисија, најдоцна до 21-ви септември треба  да ги објави листите на кандидати за членови на совет и за градоначалник.

Локалните избори, 6-ти поред, ќе се одржат на 15-ти октомври. Изборната кампања започнува на 25-ти септември, а ќе трае до 13-ти октомври на полноќ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани