Жител на Куратица агресивно се однесувал кон полицајци

Жител на Куратица агресивно се однесувал кон полицијата.

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(36) од охридското село Куратица. Тој, на 06.10.2020 година, во атарот на селото, се однесувал агресивно  кон полициските службеници кои преземале службени мерки спрема него, како сторител на кривично дело „одземање на моторно возило“, за што од Основниот суд во Охрид му била изречена затворска казна.

Social profiles