Жители на Велешта истепале сопственик на автоплац.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.О.(28) и А.О.(32), двајцата од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Пријавените, на 22.10.2020 на автоплац на пат за селото Долна Белица физички го нападнале сопственикот на плацот, нанесувајќи му повреди.