Фатени дрвокрадци кај Црвена Вода

Дрвокрадците биле од струшко Мислодежда.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на казнено дело „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Б.(40), Р.Б.(20) и Б.Џ.(40), сите од струшкото село Мислодежда.
– Пријавените, на 22.09.2020 година, во шумското подрачје „Орли Врв“, атар на селото Црвена Вода,општина Дебрца, со која стопанисува ЈП„Национални Шуми“, без одобрение за сеча, пресекле околу 19 м3 буково огревно дрво. Потоа, ги натовариле на коњи со намера да ги присвојат, при што се затекнати од полициски службеници и претставници на Шумското стопанство. Дрвната маса е одземена и пренесена во седиштето на Јавното претпријатие, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани