Жителите на струшките села Вишни и Радолишта го кренаа гласот против неконтролираната сеча на Јабланица.
Обвинуваат за пустошење на шумите и голесеци од страна на кнцесионери без дозвили и приватни лица.
Велат шеесеттина камиони деноноќно ја соголуваат шумат. Мештаните стравуваат дека ќе останат без вода за пиење бидејќи има намалување на водостоите во вишенските извори и оштетување на локалните патишта.
– „Дневно околу 60 камиони поминуваат овде натоварени со огревно дрво. Досега не се преземаат никакви активности и покрај нашите барања, а сме се обратиле до сите надлежни органи“, вели Цветозар Ристески претседател на МЗ Вишни.
Обвинуваат дека се вадат дозволи за сеча на приватни лица од кои поголемиот дел се починати и бараат да се воспостави МОРАТОРИУМ за сеча на Јабланица.
-„Се вади дозвола за сеча на приватни лица кој што се поголем дел починати и со истите те дозволи се изнесува друго огревно дрво од државни парцели“, вели Никола Кутаноски.
Со децении нелегална сеча има и во соседното село Радолишта.
„Веќе 10 години се бориме со овој проблем и не можеме никако да се избориме тоа по мое мислење е организиран криминал“, вели џевдет Даути -претседател на МЗ Радолишта.
Жителите повеќе пати ја информирал шумската полиција и инспекторат да преземат мерки за сопирање на нелегалната сеча на Јабланица.
Новинар Соња Рилковска