„Живот за ЖИВОТните“- протест на лубителите на животни

Протест за заштита на животните. 

 

Граѓани љубители на животни и активисти за заштита на животните, на ден недела 16.09.2018 – утре со почеток во 11 часот ќе одржиме мирен протест под мотото „Живот за ЖИВОТните“ пред седиштето на Агенција за храна и ветерина (ул, Трета Македонска Ударна Бригада). 

Овој протест е организиран од повеќе граѓани ширум земјава (не стои ниедна организација позади овој протест) не можејќи повеќе да ја толерираат непримената на законите и затајувањето на институциите во однос благосостојбата на животните, особено фокус ќе се труежите и отровните супстанци кои иако забранети со закон сепак се наоѓаат во продажба. На протестот ќе изведеме и мал перформанс и ќе биде блокирана една сообраќајна лента од улицата со кој потег ќе ја дозасилиме пораката која ја пренесуваме. Имено, на протестот ќе бидат истакнати следните барања:

1. Целосна забрана на продажба на смртоносно опасни отрови и строга контрола по земјоделските аптеки;
2. Продажбата на дозволивите отрови наменети за земјоделски култури исклучиво да е со земање лични податоци и теренска контрола при аплицирањето на истите;
3. Цврста и координирана соработка помеѓу АХВ и МВР, со можност за создавање и посебен сектор во МВР кој ќе постапува во однос прекршувањата на Законот за заштита и благосостојба на ЖИВОТните и Кривичниот закон поврзан со повреда на правата на ЖИВОТните (член 233 и член 234);
4. Сериозно и крајно професионално постапување од страна на ветеринарните инспектори, а доколку затаат по однос пријавен случај да следуваат соодветни санкции;
5. Целосна примена на Законот за заштита и благосотојба на ЖИВОТните од секоја локална самоуправа, стерилизација и вакцинација на бездомните ЖИВОТни на товар на општините со средства од државата/единиците на локалната самоуправа и ваучери за стерилизација на миленици;
6. Секоја општина да формира прифатилишен центар, со обучена шинтерска служба и вработени лица докажани љубители на ЖИВОТни, со целосна примена на методата Залови, Стерилизирај, Вдоми или Врати на место на заловување;
7. Создавање целосен регистар на бездомни и домни кученца со служба која теренски ќе врши континуиран мониторинг во соработка и со активистите за заштита на ЖИВОТните;
8. Итна максимална казнена мерка затвор за лице за кое има доволен број сведоци и доказен материјал дека убило кученце/маченце како би било за поука за спречување можна појава на некои идни такви монструми;
9. Постапување по пријавите за борби со кучиња со максимални казни за сторителите;
10. Строга забрана и казнување на општините кои дислоцираат бездомни кучиња најчесто на депонии или во други населени места.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани